“Ни јас не го заслужувам ова, но Јас ти простувам.“: Најубавата приказна за простувањето!

Еден ден ,еден човек со голема тага во срцето се шеташе низ една шума.Размислуваше за неговиот живот и знаеше дека многу работи не се како што треба.Размислуваше за оние кои го лажеа зад неговиот грб кога имаше работа.

b2ap3_thumbnail_180458_Original.jpg

Размислуваше за оние кои краделе од него и кои го измамиле. Се присети на членовите од  семејството кои починале.Размислуваше за неговата болест која нема лек.

Неговата душа беше исполнета со гнев и фрустрација.

Стоејќи така тој ден,барајќи одговори кои не можеше да ги најде,знаејќи дека сите го изневерија, тој клекна покрај едно големо дрво,да го бара Оној кој секогаш е тука и со солзи во очите се молеше…

“Господе,Ти имаш направено прекрасни работи за мене во овој живот.Ми кажа да направам многу работи за Тебе и јас те послушав.

Денес,ти ми кажа да простам.Тажен сум Господе,бидејќи јас не можам да простам. Не знам како. Не е фер Господе.Не ги заслужив сите овие неправди кои се направени врз мене и не треба да простам.Знам дека Твојот пат е совршен,но ова не можам да го направам, бидејќи не знам како да простам. Мојот гнев е длабок Господе,се плашам дека не те слушам,но се молам за да ме научиш на една работа која не можам да ја направам – Научи ме Како да Простувам.“

Како што клечеше таму под мирната сенка на големото дрво,тој почувствува како нешто падна на неговото рамо. Тој ги отвори неговите очи. На аголот со едното око, тој виде нешто црвено на неговата кошула. Тој не можеше да види затоа што на местото каде што беше големото дабово дрво имаше голем плоштад од дрво на земјата. Ја крена главата и виде две нозе на дрвото . Ја крена главата повеќе и солзи му надојдоа во неговите очибидејќи тој го виде Исус како виси на крстот.Тој ги виде клинците на неговите раце и трнливата круна на неговата глава.

Конечно тој го здогледа страдањето и болката на Неговото лице.Кога се сретнаа нивните очи, човекот почна да липа и Исус почна да зборува.

“Дали некогаш си излажал,праша Тој?“ – човекот одговори,“Да,Господе“.

“Дали некогаш ти имаат вратено кусур и го имаш задржано?“-човекот одговори “Да,Господе“.

И човекот почна да липа повеќе и повеќе.

“Дали некогаш имаш земено нешто од работата што не е твое,праша Исус? – човекот одговори “Да,Господе.“

И како што Исус прашуваше повеќе пати “Дали некогаш?“ Плачењето на човекот стана неконтролирано бидејќи можеше само да одговори “Да,Господе.“

Тогаш човекот почувствувакако нешто падна на неговото друго рамо.Тој погледна и виде дека е крвта на Исус.Кога тој погледна наназад,неговите очи ги сретнаа оние на Исус и еден поглед на љубов кој човекот го немаше сретнато претходно.

“Ни јас не го заслужувам ова,но Јас ти простувам.“


тагови


Коментари

коментари