Принцезата Шарлот тргна во градинка

Две фотографии од принцезата Шарлот беа објавени на официјалниот профил на Инстаграм на Кензингтонската палата.

На фотографиите, таа е облечена во капут и чевлички во вино црвена боја, како и розово шалче и розов ранец.

Фотографиите од принцезата Шарлот ги направи војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, кратко пред принцезата Шарлот за прв пат да тргне во градинка.




Коментари

коментари