ПРИРОДНИ НАЧИНИ ЗА БЕЛЕЊЕ ЗАБИ

Ако не сакате да се подложите на хемиски третмани за белеење на забите или сметате дека можеби се штетни, постојат природни начини како да ги одржувате забите бели. Многу од вас не се свесни за тоа дека овие природни начини на белеење на забите навистина постојат. Ни ви претставуваме неколку природни начини како да дојдете до бели заби и блескава насмевка.

 

Сода бикарбона

Содата е ефтина, лесно се наоѓа и е еден од најдобрите природни начини како дојдете до бели заби. Измешајте малку сода бикарбона со вашата паста за заби и четкајте ги барем еднаш во денот. Најдобро ќе биде тоа да го сторите пред спиење за целосно да ги елиминирате остатоците од храна кои вашите заби ги стекнале во текот на денот.

Јадете јагоди

Докажано е дека јагодите се исто така добар природен начин за белеење на вашите заби. Ситните семки на кората од јагодите дејствуваат како пилинг на забите, отстранувајќи ги нечистотиите и остатоците од храна.

Откажете се од кафето и газираните пијалоци

Сите ние многу сакаме кафе и газирани пијалоци. Но, ако сакате да имате здрави и бели заби, тогаш ќе мора да се откажете од нив. Ако пак не можете да се откажете од нив, тогаш пробајте барем да ги консумирате со сламка за пиење.

 

Четкајте ги забите по секој оброк

Оваа навика може да биде тешка додека ја стекнете, но резултатите ќе бидат позитивни. Четкањето на забите по секој оброк не само што ќе ви помогне да имате побели заби, туку ќе ви помогне да имате и свеж здив, здрави непца и здрави заби.




Коментари

коментари