Категории

Прополис – чудо на природата. Убива вируси, бактерии и подмладува

Чудесниот производ од пчелите има повеќе од 300 научно потврдени лековити супстанци. Не им дозволува на бактериите и вирусите да се рамножат, а исто така спречува многу болести…

Прополисот е мешавина од смоласти состојки, освен тоа содржи 22 минерали и 7 витамини. Овој силен антиоксиданс делува послабо од антибиотикот, но е помалку токсичен, не предизвикува резистенција и не ја оштетува нормалната сревна микрофлора.

Освен тоа, овој дар од билките и пчелите помага при болки, а како антиоксиданс ги поправа последиците од староста, болестите и лечењето, на тој начин што подмладува.

Исто така, прополисот ја ублажува болката во болното грло, па доколку имате проблем со грлото капнете неколку капки прополис на коцка шеќер. Со долготрајна употреба на прополисот се подига имунитетот и се зајакнува одбранбениот систем, а научно е докажано и дека делува синергиски со некои антибиотици.

Научниците докажале и дека прополисот исто така ја спречува појавата и метастазирањето на ракот, а антиоксидантското својство може го намали негативното дејство на хемотерапијата.
Придобивките од користење на прополисот и пчелните производи се многубројни  како за лекување, така и за превенција и одржување на здрав организам и силен имунитет.

Прегледи:
792
Објавено на:
07.02.2018