Прославете го Св. Трифун со коктели со вино

Денес се слави св. Валентин, денот на љубовта и Св. Трифун, денот на виното. Знаеме дека љубовта и виното секогаш одат заедно, а денес е одличен ден да уживате во овие две слатки задоволства.

Винските коктели во продолжение се одлични за незаборавен ден посветен на виното.

Доколку дома имате евтино вино кое не се пие чисто, измешајте го со 2-3 чашки рум, малку мед, сок од лимон и сето тоа разредете го со минерална вода со вкус на лимон, или обична вода.

За сите оние кои се љубители на зимската сангрија, Св. Трифун е одлична пригода да ја направите. Виното истурете го во бокал и во него додадете малку минерална вода со вкус, 2 убаво исчистени мандарини, 1-2 јаболка исечкани на коцки, неколку зрна калинка и гранчиња рузмарин.

Доколку сакате да пиете „сечено вино“, направете Калимоксо. Овој коктел се состои од еднакви делови на црвено вино и Coca-Cola, освежено со неколку парчиња лимон.

За љубителите на греено вино, во длабоко тенџере на тивок оган измешајте 750ml слатко црно вино со 2 шолји apple cider, ¼ шолја мед, 1 портокал исечен на кругови, 2 стапчиња цимет. Може да додадете и неколку капки бренди за посилен вкус.

Доколку сакате да се покажете пред гостите, се што треба да направите е да шомешате слатко овошно црвено вино со 1 чаша сок од портокал и ½ чаша сок од брусница. Прелијте со ½ чаша Sprite или вода со вкус и изрендајте малку кора од лимон. Промешајте, оставете да отстои и послужете со неколку суви брусници и парчиња лимон во чашата, по желба.




Коментари

коментари