ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (04 – 10 СЕПТЕМВРИ)

 

Овен

Овен

Ако вашите сништа ви изгледаат далечни и недостижни, тоа не значи дека се невозможни. Можете се да постигнете, ако направите детален план и се држите до него. Оваа недела ви нуди убав помин со вашиот партнер. Доколку сте во било какво партнерство искористете го времето  да внесете новини во истото и ќе имате далеку подобри шанси за успех.

Среќен ден: Четврток

Бик

 

 

 

 

 

Бик

Оваа недела е поволна за вашите финансиски планови доколку аплицирате за некој кредит или заем. Сепак почекајте неколку дена за да ги избегнете проблеми. Ситуацијата ќе се разбистри во четврток или петок кога ќе добиете тоа што сакате. Што се однесува до љубовта, тргнувате кон подобар период, но вложете малку повеќе напор за да ја добиете заслужената награда од партнерот.

Среќен ден: Среда

Близнаци

 

 

 

 

 

Близнаци

Оваа недела имајте внимателен пристап кон некој пријател или соработник кој не сака да прифати компромис. Кога овој проблем ќе го решите ве очекува убава и опуштена недела. Фокусирајте се на финансиите и поврзете се со луѓе кои се успешни во тоа што го работат. Напредок ве очекува и во љубовниот живот. Започнете да се дружите со некој кој одамна сте го симпатизирале, имате одлични шанси за успех.

Среќен ден: Сабота

Рак

 

 

 

 

 

Рак

Ве очекуваат возбудливи љубовни ситуации кои може да ве поместат од сигурната зона која сте ја изградиле. Во врска со кариерата ве очекува напредок ако се работи за некој нов проект или план. Искористете ги шансите оваа недела! Ќе забележите дека работите течат побрзо од што сте очекувале. Можна е понуда за некое патување кое нема да можете да го одбиете.

Среќен ден: Петок

 


тагови


Коментари

коментари