Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 15 – 21 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Прилично добро се снаоѓате со финансиите, што е многу добар знак, бидејќи ќе имате можност да ѝ докажете на околината колку можете и знаете. Приликата напредување на професионално поле ќе ја имате токму на почетокот на оваа недела. Среда, како ваш среќен ден, ќе ви донесе позитивни мисли во врска со иднината.

Среќен ден: Среда

Бик

Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарјќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Среќен ден: Четврток

Близнаци

Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

Среќен ден: Сабота

Рак

Креативноста и иновативноста искористете ја за нешто ново.Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Среќен ден: Понеделник

 

1 2 3

Прегледи:
1085
Објавено на:
14.01.2018