ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (18 – 24 ДЕКЕМВРИ,2017)

Овен 

Постојат неочекувани проблеми кои ви го нарушуваат секојдневниот ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални планови. Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да го одржите потребното ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, важно е да ја избегнувате брзоплетоста и импулсивните реакции.

Бик

Се однесувате загрижено поради новите информации на професионалната сцена, но тоа е минлива фаза. Голема доза на психолошко оптеретување може да се забележи и кај вашите соработници, потребно е да ја оправдате својата улога без натпреварувачки аспирации и потреба за професионално експонирање. Важно е да се раководите согласно долгорочните цели на професионална летвица. Мудро премолчувајте одредени случувања или интригантни теми, кои имаат лошо влијание на вашиот однос со саканиот

Близнаци

Од вас се очекува да прифатите некој нов работен предизвик или да преземете важна улога во некој заеднички договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети кои ќе ги поставите. Важно е да осмислете професионална или работна стратегија која ќе ви овозможи да се ангажирате на различни страни. Се се сведува на добрата професионална проценка и успешно планирање. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето воодушевување во друштво на саканиот.

Рак

Нема причина да прифатите некоја работна понуда која делува предизвикувачки и ветува само моментален успех. Бидете доволно промислени при службените средби, бидејќи со желбата да пронајдете идеално решние непотребно се оптеретувате со различни детали . Од вашето залагање и дипломатскиот такт зависат конечните резултати. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.

 




Коментари

коментари