ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 19 – 25 ЈУНИ)

Лав

Лав

Вашите среќни денови допрва доаѓаат, затоа не разочарувајте се доколку некои денови од неделата која ви претстои почувствувате монотонија. Кон крајот на неделата, ќе се чувствувате многу сакано, и поради тоа ќе влијаете многу позитивно на вашата околина. Вашиот среќен ден неделава ќе биде понеделник.

Девица

Девица

Оваа недела нека ви помине во знакот на убавината. Дозволете си шопинг и некој козметички третман. Ќе се чувствувате толку убаво во вашата кожа, со што ќе плените на ноќните излегувања. Но, и работата не може да чека, па затоа потрудете се да ги завршите сите работни обврски на време. Вашиот среќен ден оваа недела е понеделник.

Вага

Вага

Потрудете се да не бидете толку директни кон пријателите и обидете се вашите мислења да си ги задржите за себе. Можеби ќе бидете преоптеретени оваа недела со обврски на работа, а колегите ќе ви одат на нерви со нивните коментари, но на крај сѐ добро ќе заврши. Ве очекува прекрасно помината романтична вечер со вашиот партнер исполнета со многу игри.

Шкорпија

Шкорпија

Полн погодок! Оваа недела секојдневно ќе измамува насмевки на вашето лице и ќе остави траги од среќа до крајот на годината. Едноставно сѐ ќе ви оди од рака, семејството, работата, пријателите, па дури и љубовта. Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и  подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети.

 




Коментари

коментари