Категории

Проверете кој хороскопски знак ’рчи најмногу?

Доколку спиете покрај Овен, прашање е дали ќе заспиете. Овните ’рчат многу гласно и нападно. Интензитетот е таков што нема шанси да заспиете.

За разлика од Овните. Биковите ги „краси“ мирно и упорно ’рчење. Не се ни обидувајте да ги разбудите.

Близнаците ќе ’рчат додека не ги растресете за да престанат. Тие тогаш ќе престанат, но ќе продолжат веднаш штом се опуштите и го свртите грбот.

Раковите не можат да спијат мирно без своето ’рчење. Заземаат одбранбен став ако се обидете да ги натерате да се справат со тој проблем.

Лавовите не ’рчат, тие ’ржат. Вие можете да ги снимите за да им покажете колку се гласни и дека не ви е лесно покрај нив, но тие ќе бидат горди на своите звуци.

Девиците кога ќе им кажете дека ’рчат, нема да ви веруваат, затоа покажете им на Девиците снимка на која се слуша како ’рчат и тие веднаш ќе најдат неколку причини за загриженост поради овој проблем.

Вагата се разликува од сите други по тоа што е уметнички настроена па дури и кога’рчи,’рчи гласно, но уметнички. Звукот што тие го испуштаат е еден вид свирка на планетите.

Скорпиите се неверојатно здодевни кога ’рчат. Ќе се прашувате дали некогаш тоа ќе заврши за да можете да склопите очи.

Стрелците ’рчат гласно, па уште погласно, а кога ќе им кажете дека биле гласни тие ќе ве прашат како сте се забавувале.

Може да се рече дека ’рчењето на Јарците звучи цврсто и стабилно. Ништо не може да го сруши.

’Рчењето на Водолијата, „носачот на вода“ во зодијакот, звучи како течење на вода од чешма. Дури и додека спие е оригинална.

Рибите ’рчат и сонуваат гласно, а ако ги разбудите во првиот момент ќе се прашуваат кој е тој убав и мистериозен свет во кој се разбудиле.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
283
Ознаки:
·
Објавено на:
05.10.2016