Прва самостојна изложба и ревија на Моника Блажевска

Младата уметница Моника Блажевска срдечно ве поканува на својата прва самостојна изложба „Љубовта е уникат – уникат се и креациите на Моника“, на 15 февруари 2018 година во 20 часот во ВИП база. И самата изложба е замислена како уникатна – со презентација на уметнички дела, со добра дружба во ноќта, љубовна поезија, песни и скапоцена голтка вино.

Нејзина специјалност се уникатни уметнички цртежи на облека, изработува рачно насликани портрети на маички, марами, фустани, по што стана препознатлива, барана, популарна, и се издвои како урбана уметница.

На својата уметничка вечер Моника ќе презентира 15 уметнички слики и модна ревија со нејзини цртежи на облека, кои ќе ги презентираат млади модели Ивана Гелева, Теодора Бојчева, Дона и Симона Станчеви, и заштитните лица на најновата колекција „БМ“, поп пејачката Зорица Зои Блаж и словенечкиот спортист Тадеј Матијашиќ.




Коментари

коментари