Категории

Првите пикселизирани гаќи за оние кои го сакаат ретро стилот

Претставена е нова марка на гаќи од Португалија која го носи називот “Maison Pixel”. Овој бренд на долна облека го добил називот по пикселизираната графика на моделите на гаќи.

Дизајнерите Касарија и Себастио од Лисабон изјавија дека ова се првите пикселизирани гаќи во светот.

“Тие се дизајнирани за луѓето како нас кои го сакаат ретро стилот и ‘eightbit'”, велат тие.

Тие истакнуваат дека идејата настанала во 2014 година и дека веќе ја надминала својата цел, а тоа е заработка од 12.500 долари кои денес е двојно поголема. Пикселизираните гаќи ги продаваат по пат на интернет платформа за 19,99 долари.

Прегледи:
448
Објавено на:
21.01.2016