Категории

Првото кафуле на плажа за кучиња во Хрватска: „Подобро да служам кучиња, отколку луѓе“

Секое лето сопствениците на кучиња мора да бираат и да внимаваат на која плажа ќе отидат и дали хотелот и апартманот кој сакаат да го изнајмат дозволува сместување на миленици.

Но доколку летувате во Хрватска годинава ќе имате и посебно кафуле за вашиот миленик.

Во Цриквеница е отворен првиот локал кој служи сладолед, пиво и чипс за кучиња.

– Минатата година сладоледот беше тотален хит. Пивото е така-така прифатено, а од оваа година имаме и кучешки чипс кој навистина е генијална работа и сите го сакаат – вели сопственикот на кафулето.

За разлика од кафулињата полни со луѓе, сопственикот вели дека тука нема пијаници и кавги.

Многумина му прогнозираа пропст на идејата, но задоволните кучиња му станале постојани купувачи.

– Секогаш велам дека е подобро да работиш до кучиња отколку со луѓе, така што се чувствувам почестен што ги служам нив.

Со толку пристојни гости, ретко кој може да се пофали…

kafule02 kafule03

Прегледи:
392
Објавено на:
21.07.2016