ПСЖ – Реал, Челзи – Барселона во осминафиналето од ЛШ

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со Пари сен Жермен, додека Челзи за противник ја доби Барселона во двете мега пресметки од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Ова е епилогот по денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација каде беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Двојки за 1/8 финале во ЛШ:

Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер Сити
Порто – Ливерпул
Севиља – Манчестер Јунајтед
Реал Мадрид – ПСЖ
Шахтјор – Рома
Челси – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ.

Првите натпревари ќе се играат на 13/14 и 20/21 февруари, реваншите се на 6/7, односно 13/14 март.




Коментари

коментари