Категории

Пустина во светот што излегува на море

Намиб е голема пустина во југозападниот дел на Африка. Таа се простира на околу 1.600 километри долж Атлантскиот Океан на крајбрежјата на Ангола, Намибија и Јужна Африка.

Оваа пустина се карактеризира со тоа што е најстарата пустина во светот и што излегува на море.

Пустината има помалку од 10 мм дожд на годишно ниво и речиси е целосно неплодна.

Пустината Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни (безрбетници, влечуги и цицачи), кои живеат од маглата, бидејќи таа е единствен извор на вода.

Ставена е на листата на УНЕСКО на светското културно наследство во Африка во 2013 година како „единствена приморска пустина во светот, каде на пространите песочни полиња од дини дејствува магла“.

Прегледи:
936
Објавено на:
12.12.2017