Категории

Путин: Немам паметен телефон, не користам интернет, јас сум технофоб

Рускиот претседател своевремено има изјавено дека интернетот е проект на ЦИА и место за порнографија. Истакнал и дека нема апсолутно никаков интерес кон социјалните мрежи.

И додека повеќето од нас тешко можат да замислат да поминат и 1 час без својот паметен телефон, рускиот претседател Владимир Путин (65) вели дека не поседува таков мобилен телефон. Повеќе сака важните информации да ги добива од своите соработници.

Својата нетрпеливост кон новата технологија ја истакнал и во текот на еден состанок на научници и академици во Сибир, по изјавата на директорот на Институтот за нуклеарни истражувања дека „денес секој има паметен телефон во својот џеб“.

Велите дека сите имаат, а јас немам, низ смеа изјавил Путин. Рускиот претседател своевремено изјавил дека интренетот е проект на ЦИА и место за порнографија. Исто така, истакнал дека за разлика од Трамп кој е „опседнат со Твитер“, нема апсолутно никаков интерес кон социјалните мрежи.