Категории

8 причини зошто бившиот ви праќа пораки

Раскинавте, но тој и понатаму е присутен во вашиот живот, ова се 8 причини зошто бившиот ви праќа пораки

Иако веќе не сте заедно, тој како да го заборавил ова, па не престанува да ви ѕвони и да ви праќа пораки. Што се крие позади ова и зошто ова го прави?


Од навика

Пораките за ,,добро утро” и ,,добра ноќ” биле дел од неговата рутина и не може да се ослободи од неа. Необично му е бидејки не добива веќе слатки утрински пораки, а и не праќа на никого(сеуште) и затоа едноставно има потреба на некој начин да ве активира во својот живот.

Му недостигате

Секако најочигледна причина за праќање пораки по раскинувањето и не може да го обвинувате за ова. Луѓето бргу се врзуваат и чувството на недостиг секако ќе се појави, без разлика дали врската била долга или траела неколку месеци.

Слушнал дека се гледате со некој

Уште нема докази за ова, не сте во официјална врска, па знае дека од вас ќе го добие најсигурниот одговор. Во некои случаи бившите момци чувствуваат потреба повторно да се вратат во вашиот живот баш кога ќе слушнат дека сте продолжиле понатаму. Не може да го обвините, тоа е во човечката природа.

Нешто го потсетило на вас

Од време на време, некои работи не потсетуваат на бившите партнери и едноставно имаме потреба иако сме раскинале, да пратиме порака. Таквата порака не мора секогаш да има длабоко значење.

Сака да му се вратите

Тој сака нова прилика и ќе направи се` да ја добие. Тука мислиме на фактите дека ќе ви дава комплименти и постојано ќе ве прашува кога сте слободни за кафе.

Нема никој

Се` е во знаекот на заедништвото и романтиката, а тој нема никој за гушкање, односно за секс.

Сака да ве изнервира

Неговото ѕвонење и праќање пораки има само една цел: да ве изнервира бидејки се чувствува вознемирено, луто и фрустрирано пораби одлуката да прекинете со него.

Му треба ваш совет

Ако сте раскинале во добри односи, постои голема можност, од време на време да побара совет од вас, помош или услуга. Колку и да ви изгледа ова чудно, нему не му е.

 

Прегледи:
532
Објавено на:
24.08.2017