Чек дис аут
Search


Рецепт за купка за детоксикација на телото

Се што ви треба за оваа купка се ѓумбир и горчлива сол. Откако ќе се избањате со оваа купка ќе се потите повеќе, а тоа е знак дека отровите излегуваат од вашето тело. Кожата ќе ви биде мека, а порите исчистени.

Ѓумбирот е корен кој најчесто се користи при готвење, а често и за намалување на телесните тегоби. На пример, проблеми со варењето, го намалува воспалението, има антибактериски својства, а одличен е и за купката која го чисти телото од насобраните отрови.

Горчливата сол е одлична за справувањето со хемороиди, акни, брадавици, сува кожа, непријатен мирис на нозете… Одлична е за длабинско чистење на порите и омекнување на кожата. Позната е и по тоа што помага при запек.

Ова е рецептот за фантастичната купка од само две состојки.

Состојки:

  • 1 шолја горчлива сол
  • 1/2 шолја ѓумбир во прав
  • неколку капки етерично масло од ѓумбир
  • 1 лажица свежо набран ѓумбир

Подготовка:

Наполнете ја кадата со топла вода и додадете ги сите состојки. Легнете во кадата и уживајте во оваа детокс купка 15 до 20 минути. Можно е потоа повеќе да се потите, но не грижете се – така треба да биде. Се препорачува потоа да пиете повеќе вода за да спречите дехидрација, а и на тој начин вашето тело побргу ќе ги исфрли токсините.




Коментари

коментари