Рецепт за спас на сувите раце во зимските денови

Состојките кои засекогаш ќе ве ослободат од сувите и испукани раце се наоѓаат во маслата од кокос, јојоба и бадем. Маслата не само што ја хранат кожата, туку и ја хидратизираат, а сепак не ја мастат премногу.

Освен овие состојки, екстрактот од мед го спречува развојот на бактерии, поттикнува синтеза на колаген, ја зголемува еластичноста на кожата и ја заштитува од преголемо сушење.

Препорачливи се и кремите со омега масни киселини, дексапантенол и глицерин, кои ќе поттикнат самозаштита и ќе го појачаат задржувањето на вода во самите слоеви на кожата, а тоа е клучно за долготрајна мекост. Доколку забележите дека рацете во текот на мачкањето ви се исклучително суви, ви предлагаме при чистењето да носите ракавици.




Коментари

коментари