Rihanna безобразно добра ја прими наградата за модна икона на CFDA наградите

MET галата е Оскарите во модниот свет, а CFDA наградите се нешто како Златните Глобуси, лежерни, поинтимни, но не помалку вредени. CFDА односно Модниот Советот на Американските Дизајнери, оваа година на 2ри јуни во Њу Јорк ги одржа наградите во лежерна атмосфера. Бројни дизајнери, актери, модели  се претставија во одлични дизајни, а себепрогласената лоша девојка Rihanna беше прогласена за модна икона, а изгледаше безобразно добро во прозирен фустан на Adam Selman.

Откако Рири ја снема од Instagram, заради нејзината желба да ги покажува голите гради, фановите се чуствуваа како тотално да ја снема, па појавувањето на наградите беше со големо очекување, и секако, таа не потфрли. Се појави во прозирен фустан со преку 200.000 Swarovski кристали и розева крзнена наметка, со стар Холивудски шмек.

При примањето на наградата изјави: „Додека растев, модата ми беше одбранбен механизам. Дури и како дете се сеќавам дека велев Може да ме победи мене, но не и мојата облека.“

 




Коментари

коментари