Ријана фотографирана во Лондон со новиот дечко

Откако нејзиниот бивши, Крис Браун, повторно јавно говореше за немииот настан пред неколку години, објавувајќи детали и зборувајќи за нивниот бурен однос, Ријана остана без коментар, а беше забележана на вечера со нејзиниот нов дечко во Лондон.

Згодниот милијардер Хасан Џамел е новиот избраник на Ријана, тој е од Саудиска Арабија a неговото семејство има правата за застапништво на автомобилите Тојота.

Со Ријана се неколку месеци, дискретно се држат надвор од очите на јавноста, но неодамна беа забележани на Ибица. Ова е еден од ретките моменти кога папараците ги уловиле заедно, а сега излегувајќи од ресторанот, Хасан грижливо и помага на Ријана, која облечена во Ralph Lauren наметка влегува во автомобилот.

 




Коментари

коментари