Категории

РИЈАНА НЕОЧЕКУВАНО СЕ ПОЈАВИ НА КОНЦЕРТОТ НА ДРЕЈК

Дрејк досега неколкупати неочекувано се појави на концертите на Ријана, со цел да ја изненади, па време беше таа да му возврати со иста мера. Таа од Париз долета директно во Торонто, за да се појави на сцената со Дрејк, за време на неговиот настап на OVO Fest.

Тие за првпат ја изведоа нивната нова песна Too Good, а потоа го изведоа хитотWork и уште две песни на Ријана. За време на настапот Дрејк не можеше да се воздржи и гласно искоментира – „најубавата, најталентираната жена којашто сум ја видел во животот.“ Од видеата од нивниот настап може да се забележи дека тие се вљубени и не можат да престанат да се кикотат и допираат, а Ријана дури заборави дел од текстот на песната Too Good.

https://www.youtube.com/watch?v=QtQXeIBu5ko

Прегледи:
306
Објавено на:
04.08.2016