МОДЕН ДВОБОЈ: Рита Ора ги покажа брадавиците, а Ким задникот во ист латекс фустан

Очигледно Ким Кардашијан и Рита Ора имаат ист вкус кога станува збор за фустани.

Триесет и четиригодишната старлета и 24 годишната пејачка се појавија во розов латекс фустан на Mert & Marcus House of Love забавата во Лондон.

Ниту Ким ниту Ора не го спомнаа овој инцидент на друштвените мрежи, но многумина ја забележаа неверојатната сличност.

Двете одлучиле да се стоплат со бунди па би можело следниот пат кога ќе бидат поканети  на иста забава да се слушнат и да се договорат што ќе носат за да не се повтори ова…

Инаку кога сме кај Ким, таа стигна до бројката од 27 милиони фанови на Facebook, па поради тоа и не пропушти шанса да им се заблагодари на своите пријатели со фотографија од нејзин стил.




Коментари

коментари