Чек дис аут
Search


Рита Ора како од мајка родена ужива на својот одмор

Пејачката и членот на жирито во шоуто „Икс Фактор“ честопати привлекува внимание со своите провокативни изданија, а сега одлучила да позира како од мајка родена.

Рита Ора (27) одлучи да ги „загрее“ своите фанови сред зима со фотографии од нејзиниот одмор. Пејачката го покажа своето обликувано тело во црвено бикини, а потоа позирала и без облека.

Нејзиниот природен изглед ги воодушеви следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.

Британката, родена во Косово, на фотографиите ја покажа и својата „скриена“ тетоважа под градите на која пишува „Сакај ги сите, верувај на малкумина, не прави зло никому“. Пејачката неодамна се пофали и со својата 26-та тетоважа.

Ми се допаѓа идејата да ја чувате вистинската љубов, кога и да ја најдете – изјавила пејачката, чија рака ја красат две птици во кафез.

Рита Ора во иднина има желба да настапи во мјузиклот на „Педесет нијанси сиво“. „Ме интересира што би пееле Кристијан и Ана за време на секс. Музиката сигурно би произведувала многу секси звуци“ – рекла пејачката која за себе вели дека е обожавателка на овој филм и истоимената книга.


Во вториот дел од филмот таа се појавува како сестрата на Кристијан Греј, Миа.




Коментари

коментари