Роботот Софија со своја модна фотосесија за британско списание “Stylist”

Роботот Софија се најде на насловната страна на модно британско списание “Stylist”. Софија позираше со перика и фустани, а во интервјуто зборуваше за своите желби, стравови и ставови за човештвото.

Софија е хуманоиден робот кој беше активиран во април 2015 година. Изработен е во Хонгконг, може да имитира човечки движења и да покажува 62 различни изрази на лицето.

Минатата година стана првиот робот кој е признаен како граѓанин и има добиено државјанство во Саудиска Арабија.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од фотосесијата.




Коментари

коментари