„Робови на гордоста“

large (9)

Мораше ли да бидеш иста како мене? Истите палави мисли, срамежливи очи, истиот непресметлив инат и луда гордост. Да те кроев со сопствени раце немаше да бидеш толку налик мене. И како да ти побегнам кога го знаеш секој мој чекор, дури и срцата ни чукаат во исто темпо. Се браниш со тишина и како трон си ја чуваш тврдоглавоста, го чекаш молкум мојот повик, а јас твојата порака. И така чекајќи ни поминуваат минути, часови, месеци, ќе пројдат и години.. а нашите инати верени засекогаш. Ќе мислиш дека сум среќен некаде во нечии туѓи раце, а мене ќе ми пројде низ глава сешто, ќе си речам можеби и името ми го заборавила.. А и двата чекаме еден на друг.. некаков знак дека сеуште сме си судени..

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари