Родители, овие фотографии од своето дете не треба да ги објавувате на Фејсбук!

Во одреден момент можеби ви изгледа дека одредена фотографија од вашето дете е слатка и убава и би било вистинска штета да не ја објавите на Фејсбук.

Но, пред да стиснете „објави“, можеби треба да се запрашате дали е тоа вистинската одлука. Ова се 5 фотографии кои никогаш не треба да ги објавувате од вашето дете на Фејсбук.

Фотографии на кое вашето дете се бања

Доволно е да се каже само една работа – дали би сакале некој да ги објави вашите фотографии додека се бањате сметајќи дека нема да се лутите? Ако мислите дека е тоа во ред, тогаш само продолжете така. Но, ние сметаме дека приватните моменти треба да останат приватни со причина, без разлика на возраста.

Фотографии од вашето дете кога е болно

Задача на родителите е да ги заштитат своите деца и да им помогнат кога се болни. Тоа значи дека во такви моменти мора да ја почитуваме и нивната приватност, наместо да објавуваме такви фотографии од нив. Доколку сакате совет од пријателите или блиските роднини постојат многу начини да стигнат фотографиите до нив, а тоа да не биде јавно објавено.

Приватни пораки или цртежи од вашите деца

Кога вашето дете ви нацрта честитка или напише колку ве сака, тоа толку убав момент што сигурно ќе сакате да го споделите со сите. Но, во тие моменти треба да се запрашаме дали на тој начин ја нарушуваме довербата на своите деца кон нас? Дали нашето дете ќе се чувствува изневерено на овој начин? Затоа, размислете убаво пред да објавите.

 

 

Фотографии на кои вашето дете е голо

Во врска со ова, нема потреба од објаснување, бидејќи постојат многу причини, но некои родители родители сметаат дека е тоа во ред. Иако вашето дете е мало и вие гледате на овие фотографии невино дете, бидете свесни дека постојат луѓе кои не би се сложиле со вас. Затоа, ваквите фотографии не ги споделувајте, никогаш!

 

Фотографии на кои е прикажано училиштето или градинката во која оди вашето дете

Овде станува збор за безбедноста на детето. Ваквите фотографии можат да откријат многу повеќе од она што сакаат родителите да го споделат со непознати луѓе, па затоа бидете внимателни. Сигурноста на вашите деца нека ви биде на прво место.




Коментари

коментари