Категории

Роналдо играч на годината во Португалија

Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар португалски играч во 2016 година. Минатата година тој со реал ја освои Лигата на шампионите, а со Портиѕгалија беше прв на европското првенство.

Кристијано Роналдо оми пат во кариерата го доби признанието за играч на годината во Португалија. Зад напаѓачот на Реал, во изборот на тренерите и новинарите останаа Пепе и голманот Руи Патрисио.

„Минатата година беше специјална за мене, го освоив трофејот кој ми недостасуваше. Морам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката“, рекол Роналдо на свечената церемонија во Лисабон.

Португалците за најдобар млад играч го прогласија Ренато Санчез, а за најдобар тренер, селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош.

Извор : Макфакс

Прегледи:
365
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
21.03.2017