Роналдо ќе стане татко по четврти пар

Девојката на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез е бремена. Веста со читателите на „Ел Мундо“ ја подели напаѓачот на Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо наскоро ќе добие уште една принова во семејството. За весникот „Ел Мундо“, тој ги потврдил шпекулациите дека неговата девојка Георгина Родригез е бремена.

Португалецот за весникот рекол дека е „многу среќен“ поради тоа што повторно ќе стане татко.

Кристијано Роналдо пред еден месец ги доби близнаците Матео и Ева од сурогат мајка, а на ист начин го доби и седумгодишниот Кристијано Роналдо јуниор.

Фудбалерот ја запознал Георгина на забавата на „Долче и Габана“, врската ја чуваа во тајност се до минатиот ноември кога заедно се појавија во Дизниленд, во Париз.

 

 

Извор: Макфакс




Коментари

коментари