Категории

Роналдо: Сè е во ред, ви благодарам на поддршката

Португалецот се пожали на болки во задната ложа и предвреме го заврши синоќешниот дуел со Виљареал.

Врз Кристијано Роналдо утрово беа извршени серија тестови по кои напаѓачот им се обрати на навивачите и на Инстаграм напиша: „Сè е во ред. Ви благодарам за поддршката”.

Медиумите од Шпанија пишуваат дека CR7 утре ќе замине на магнетна резонанца за дефинитивно да биде потврдено дека не се работи за ништо страшно.

Исто така, извештаите велат дека Кристијано Роналдо веројатно ќе го прескокне дуелот со Рајо во сабота за да биде 100% подговен за средбата со Манчестер Сити во Лигата на Шампиоите.

Прегледи:
417
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
21.04.2016