Категории

Роси ја продолжи љубовта со Јамаха

Италијанскиот деветократен светски шампион во Мото ГП, Валентино Роси стави крај на шпекулациите со неговата иднина, откако го продолжи договорот со Јамаха до 2018-та година.

Новото првенство започнува во недела, на трката за Големата награда на Катар, а токму пред почетокот на возбудувањата, популарниот „Доктор“ се реши да ги прекине секаквите пишувања во медиумите.

Роси со Јамаха успеа да освои четири титули, во 2004, 2005, 2008 и 2010 година. Во новата сезона Роси е фаворит од сенка и ќе се обиде да им ги поремети плановите на главните конкуренти за титулата.

Прегледи:
534
Објавено на:
19.03.2016