Ружи од јаболко – кој не би посакал ваков десерт? (ВИДЕО)

Доколку сакате да ги импресионирате гостите или семејството, ова е совршениот десерт за вас. Се работи за фантастична пита која се прави на поинаков начин од класичните пити бидејќи од јаболко се прават ружи кои се ставаат на тестото…

Состојки и подготовка:

Тесто:

  • 250 гр обично брашно
  • 125 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 60 гр сецкани ореви
  • 1 јајце

Путерот ставете го во брашното и додајте ги оревите и шеќерот, па потоа јајцето. Сукајте го тестото да биде тенко и печете на 180 степени околу 20 минути – за да биде крцкаво.

Премачкување со мармалад:

  • 80 гр пекмез
  • 1 лажица вода

Да се стопи на топла тава и со четка се премачкува преку тестото.

Крем:

  • 200 мл млеко
  • 4 жолчки
  • 37 гр шеќер
  • 14 гр пченкарно брашно
  • 100 мл крем
  • ванила по желба

Проматете ги заедно жолчките, шеќерот и пченкарното брашно заедно со малку млеко. Загрејте го преостанатото млеко додека не се проврие, па во него полека ставете ја таа смеса и мешајте додека не се згусти. Потоа измешајте го кремот и ванилата.

За ружите од јаболки:

  • 16 црвени јаболки
  • 125 мл свеж сок од портокал
  • 105 гр шеќер
  • 110 гр растопен путер

Излупете ги јаболките како на видеото подолу, па потоа ставете ги во сад со сок од портокал и путер, оставете ги така 10 минути да се намачкаат – тоа е тајната на црвената боја. Потоа, ставете ги врз колачот како на видеото.

Добар апетит!




Коментари

коментари