Сакам секс без обврски!

Емили Ратајковски (23) нема проблем со мажите и во моментов повеќе е заинтересирана за шема за една ноќ, отколку за врска.

Емили Ратајковски (23) нема проблем со мажите и во моментов повеќе е заинтересирана за шема за една ноќ, отколку за врска. Во интервју за “Космопилитен” таа сосема отворено зборувала за сексуалниот живот.

Се чувствувам среќно што можам да облечам што сакам на себе, да спијам со кој сакам, да играм, а и понатаму да бидам феминистка”, изјавила Емили.

Таа признала и дека многу го сака сексот без обврски.

 

Ако сакам да имам секс без обврски, ќе го имам. Јас не сум од оние девојки кои сакаат да ве врзат со лисици веднаш откако ќе спијат со вас. Не знам да плачам и не дозволувам ниту еден маж да допре до мене”, додала Ратајковски.

И покрај тоа што јавноста ја запозна како модел,неодамна имавме можност да ја видиме и во улога на глумица. Се појави заедно со Бен Афлек во филмот ” Исчезната”.

Се ми делуваше комплетно неверојатно и морам да бидам искрена, Бен Афлек ми беше многу привлечен на снимањата”, рекла сексапилната Емили која се надева дека еден ден ќе успее да прерасне во вистинска холивудска дива која зад себе ќе ги има најдобрите улоги и филмови.




Коментари

коментари