САМО МАЛ ДЕЛ ЗНААТ КОЈА Е НЕЈЗИНАТА МОЌ

music_for_remembrance_by_aricadya

Без разлика дали ги обожавате генијалните мелодии на Моцарт, реге звуците на Боб Марли или аренби музиката на Ријана, слушајќи ги хармоничните тонови вие го релаксирате телото и ја храните душата. Слушањето музика е едно од најчестите хобија и постојат милиони луѓе кои го започнуваат и завршуваат денот со музика. Музиката е насекаде, сите ја почувствувале, но само мал дел знаат колкава е нејзината моќ.

Музиката е лек за душата, но и за телото. Тоа не се празни зборови, туку еден вид опис на таканаречената музичка терапија, која ја користи музиката за да постигне физичко и емотивно лекување. Експертите сè повеќе навлегуваат во тајните моќи на музичката терапија. Така, сè поголем број болници низ светот имаат оддел во кој музичките терапевти користат различни методи за слушање и создавање на музика за да им помогнат на пациентите да си го подобрат здравјето.

Иако е јасно дека музиката може да предизвика силни емоции кај слушателите, научниците се’ уште не знаат како тоа се постигнува само со еден сет на звуци. Сигурно некогаш некоја песна ве трогнала до солзи или ви измамила насмевка на лицето. Не е потребно никакво музичко образование за емотивно да реагираме на музиката, што сугерира дека таа реакција е вроден дел од човековата природа.

Дури и лошата музика може позитивно да ни влијае, покажуваат некои истражувања. Музиката може да нè релаксира после напорниот работен ден, но и да нè извади од најдлабоките емотивни кризи и да ни помогне да ги надминеме сериозните здравствени проблеми. Таа го зголемува оптимизмот и ги зближува луѓето.

Сигурно не ви треба повеќе убедување. Време е за вашата омилена песна.

how-to-be-a-good-singer




Коментари

коментари