„Само твоја“

92c09b6e516d43e2e529de4a393d3cc7Еден ден ќе запознаеш девојка која ќе наликува како една од оние книги кои срамежливо ѕиркаат на полицата, затскриена помеѓу сите други кои нема да имаат ни малку приближно фасцинантна корица како нејзината. Ќе се подигнеш на прсти, можеби малку ќе се помачиш.. Ќе почувствуваш врели капки пот како ти се тркалаат по вратот но сепак ќе успееш да ја земеш во рацете. И тоа ќе биде таа.. Ништо помалку прекрасна и загадочна како и останатите чии страници си ги милувал со врвовите на прстите. И токму таа девојка ќе биде онаа која ќе знае кога точно да замолчи и да те остави сам со своите мисли, ќе знае кога е вистинско време да ти легне на градите и да ти шепоти тивко, ќе знае со колку лажички шеќер го пиеш својот чај и кога да го зголеми звукот на радиото додека свири твојата омилена песна. Со неа никогаш нема да мораш да се претвараш во некој кој не си, затоа што таа ќе биде исто толку вистинска колку и твојата мрачна страна. Сакај ја, сакај ја силно и држи ги цврсто нејзините страници преку кои ти се предала, затоа што дури и најпрекрасната книга има свој крај!

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари