Категории

“Samsung” ќе го повлече “Galaxy Note 7” од пазарот

Компанијата “Samsung” ќе го повlече “Galaxy Note 7” од пазарот поради проблеми со батеријата и полнењето. “Samsung” доби многу поплаки од корисниците, кои наведоа дека телефоните се запалиле за време на полнењето.

“Note” излезе на пазарот пред три месеци, а “Samsung” е на голем удар од јавноста, поради проблемите со кои се соочија неговите клиенти. “Samsung” ќе замени 2,5 милиони уреди со нови производи, без оглед на тоа каде се купени.

Јужнокорејската компанија до сега доби 35 поплаки од корисниците ширум светот, кои наведоа дека “Note 7” уредите се запалиле за време на полнењето.

Подготовките за повлекување на производите од пазарот би требале да потраат во текот на наредните две недели.

“Samsung” во текот на вториот квартал од оваа година на пазарот на паметни телефони оствари удел од 22%, што е 10% повеќе од најголемиот конкурент “Apple”.

Прегледи:
311
Објавено на:
02.09.2016