Samsung произведе најдобри три лаптопи со најиздржливи батерии

 Samsung ги претстави трите нови лаптопи со подобрени батерии.

Првиот лап топ е Notebook 9 Pen кој што воедно е и најинтересен од сите. Станува збор за 2 во 1 уред со 13,3-инчен екран кој поседува интегрирано S-Pen пенкало.

Samsung го подобри Notebook 9 Pen кој сега ја има осмата генерација на Core i7 процесорот на Intel, потоа 16 GB RAM, 512 GB SSD меморија и резолуција на екранот од 1920х1080 пиксели, односно Full HD.

Notebook 9 Pen на Samsung  може да се користи како таблет и да може да се постави на погодна позиција за цртање. Додаде и HDMI порт, USB-C порт и стандардниот USB порт. Тука е и MicroSD, како и Windows Hello камера за логирање со препознавање на лице.

Samsung ги освежи и своите стандардни Notebook 9 модели со 13,3-инчен и 15-инчен екран. Тие доаѓаат со Intel Core i7 процесор, до 16 GB RAM меморија и до 1 TB SSD меморија. Моделот со 15-инчен екран ќе има и опциона Nvidia MX150 графичка карта и Full HD резолуција на екранот.

Samsung и двата модели ги опреми со два USB 3.0 порта, HDMI порт, MicroSD слот и USB-C порт.

Сепак, тоа што е најважно е батеријата која ќе биде „најголемата и најмоќна“ батерија која што ја добива некој лаптоп на Samsung.




Коментари

коментари