Samsung работи на новите модели од S серијата

Samsung веќе интензивно работи на новите модели од S серијата – S9 и S9 Plus.

Новите модели ќе бидат изработени од алуминиум и стакло, ќе имаат закривен екран и генерално ќе наликуваат на овогодинешните модели. Што се однесува до дијагоналата на екранот, некои аналитичари тврдат дека Galaxy S9 и S9+ ќе пристигнат со „малку поголеми“ екрани од претходниците кои што имаа 5,8, односно 6,2 инчи.

Новите Galaxy S9 и S9+ ќе бидат опремени со најмоќниот Snapdragon 845 процесор на Qualcomm кој ќе биде помоќен, енергетски поефикасен и ќе има подобра можност за процесирање на фотографии и видеозаписи.




Коментари

коментари