Сара Џесика Паркер дизајнираше детска колекција за Gap

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, го прошири своето дизајнерско портфолио со детска колекција. 

Во соработка со популарниот бренд “Gap”, 52 годишната актерка креираше колекција за момчиња и девојчиња. За рекламните фотографии, Сара позираше со слатките модели.

Инспирацијата Сара ја добила од моделите кои таа заедно со нејзините браќа и сестри ги носеле за времена нивното детство. На овој начин, таа сакала да креира квалитетна облека, која ќе се пренесува од генерација на генерација и која ќе трае.

 




Коментари

коментари