Се нашминкала и направила хаос ! (ФОТО)

Кога Мејзи Бич ја поставила својата фотографија на која е нашминкана само на половина лице, не ни претпоставувала што ја чека.

Коментарите на интернетот може да бидат нависттина злобни, но оваа 19-годишна Американка воопшто не очекувала дека ќе доживее таква непријатност само затоа што на светот им ја покажала разликата помеѓу жена со шминка, и без.

Мислејќи дека ја прави вистинската работа со тоа што не се срами да го покаже своето право лице, оваа 19 годишна доживеала голема непријатност. “Грда, да се уплашиш, одвратна..“ биле некои од коментарите кои се нашле на сликата. Некои нив отишле толку далеку па напишале дека изгледа како да има рак.

„Го сакам шминкањето, тоа го правам чисто од забава. Сакав да покажам дека сакам да се шминкам и да ја носам шминката на себе. Тажно е каков е светот сега. Жените не би требало да бидат навредувани и нарекувани со лоши имиња, или “вештачки“ бидејќи носат шминка“ – одговорила Мејзи на коментарите.

Еден маж отишол предалеку и и напишал дека би ја удрил по лицето ако се разбудел покрај неа.

„Иронијата е што сликата требаше да го охрабри жените, а не да направи да се чувствуваат уште полошо.“




Коментари

коментари