„Се навикна да ја добиваш само тогаш кога ќе ја посакаш?“

Се навикна да ја добиваш само тогаш кога ќе ја посакаш?
Нормално. Таа тебе те сака, таа тебе те чека. Неа срцето не и` дава да те одбие, тоа чука за тебе. Таа копнее за твојата прегратка, зависна е од твоите бакнежи. Се тешиш ли уште со тоа? Се задоволуваш ли сеуште од искористувањето на девојката која искрено те љуби? Немој повеќе. Таа се бори. Се бори овојпат против себе, а не против сите поради тебе. Таа веќе нема по старо. Внимавај, бидејќи ја губиш. Колку повеќе ја оддалечуваш, толку посилна ја правиш. Следен пат не се осудувај ниту да ја побараш. Таа ладнокрвно ќе те одбие, овојпат разумот ќе надвладее. Ќе те остави само еднаш, иако ти неа ја оставаше милион пати. И што е најлошо од се`, овојпат ќе нема назад.

-Кристина Цонкинска, 2015

-Прочитајте повеќе на: https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce




Коментари

коментари