Се омажи Ева Лонгорија! (фото)

Американската актерка Ева Лонгорија се омажи за својот избраник, Хозе Антонио Бастона. Како што пишуваат локалните медиуми, двојката се венчала во градот Ваље де Браво во Мексико.

Венчавката била одржана на приватен имот, а на свадбата присуствувале околу 200 гости. Среќниот ден бил завршен со огномет.

Извор близок на двојката за магазинот „Пипл“ раскажал дека меѓу гостите се наоѓале Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кејти Пери, Марио Лопез, Амори Ноласко и Џејми Камил.

Ева (41) и Хозе (47) се во врска од ноември 2013 година. Хозе е сопственик на латиноамериканската „Телевиса“, а ја запросил актерката во Дубаи во текот на летувањето.

Ева има само пофални зборови за својот сопруг, па така, за „Пипл“ порано рекла:

– Беше најзгодниот маж кој некогаш сум сретнала. Толку е харизматичен, шармантен, сладок и смешен – рекла актерката.

Ова е трет брак за познатата актерка. Ева беше венчана за актерот Тајлер Кристофер и за НБА-ѕвездата Тони Паркер.




Коментари

коментари