Категории

Се претепа самата себеси и го обвини својот вереник милионер: Но, ја дочека големо изненадување

29-годишната Мери Хант се претепа самата себеси за да може да го обвини својот богат вереник Скот Мичел за семејно насилство.

Меѓутоа, 45-годишниот милионер како доказ за тоа дека е невин, на судот им предал видео снимка од скриена надзорна камера на која што може да се види како неговата, сега веќе поранешна вереничка, самата се удира по своето лице и тело.

Имено, после раскинувањето, Мери Хант, инаку поранешна манекенка, го тужела Мичел за насилство. Како доказ за тоа, Хант ги покажала многубројните модринки по лицето и целото тело, пренесува „Космомољска Правда“. Сепак, таа не знаела дека во собата, Мичел имал поставено камера која го снимила „насилството“.

На снимката јасно се гледа како Хант се удира по лицето. Освен тоа на судот Мичел им доставил документи од полиција во кои што тој ја обвинува Мери за кражба на скапоцен накит во висина од два милиони долари. Дури после раскинувањето со Мери, тој открил дека неговиот накит бил продаден.

За целата ситуација да биде уште побизарна, на крајот на Мичел му се јавил пијаниот татко на Мери Хант кој му раскажал дека неговата ќерка му испратила „скапоцен накит“ кој подоцна бил продаден. Поради тоа, милионерот сега има поднесено контра-тужба против својата поранешна вереничка и бара да му плати 4 милиони долари.

Прегледи:
340
Објавено на:
01.09.2016