Се продава караванот на легендата Михаел Шумахер! А цената? Па и не е толку висока!

Берлински дилер на половни автомобили понуди каравански Mercedes E55 AMG од 1998-та година којшто му припаѓал на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.

Дилерот тврди дека Шумахер бил прв сопственик на ова возило, а автомобилот може да биде ваш за 119.950 евра!

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-03

А ова нè наведува да помислиме дека е и тоа како очигледно дека сите сакаат да заработат на сметка на шампионот на Формула 1, којшто караванскиот E55 AMG го купил пред точно 18 години (јули 1998-та година) во Швајцарија.

Автомобилот е опремен со 5.4-литарски V8 мотор со 354 КС, a Михаел барал и доста дополнителна опрема – внатрешноста е украсена со посебна ‘designo’ кожа, а инсталиран е и систем за препознавање на гласот, Bose аудио систем и систем за навигација.

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-04

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-05

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-06

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-07

Меѓутоа, не е познато колкав период бил во сопственост на Михаел Шумахер, како и тоа колку сопственици во меѓувреме променил овој автомобил.

Дилерот има докази дека Шумахер го продал својот E55 AMG со поминати 198.000 километри, но не сака да открие колку вкупно изминати километри има автомобилот. Исто така, тој во пакет со автомобилот нуди и бесплатен технички преглед и сет тркала.

1998-mercedes-e55-amg-wagon-ex-michael-schumaher-08

Па ова е вистинска прилика за сите страствени обожаватели на Формула 1 и Михаел Шумахер!




Коментари

коментари