Се сеќавате ли на Пабло од серијата „Млади Бунтовници“?

Поминаа 16 години од емитувањето на една од најпопуларните тинејџерски серии која сите ја следевме и на која и денес со носталгија се присетуваме. Станува збор за аргентинската серија „Rebelde Way”. 

Еден од главните ликови на серијата, покрај Луисана Лопилато (Миа Колучи), Камила Бордонаба (Марица Пиа Спирито) и Фелипе Коломбо (Мануел Агире), беше и Бенхамин Рохас (Пабло Бустаманте).

Во серијата Бенхамин го глумеше  прекрасното синооко момче Пабло Бустаманте, кој потекнуваше од богато семејство и постојано беше во динамична љубовна врска со темпераментната Марица.

Денес тој има 32 години и се уште се занимава со глума и музика. Се има појавено во низа серии и филмови. Беше дел и од групата „Erreway“ со колегите од серијата „Млади бунтовници“, со која издадоа три албуми и постигнаа неверојатен успех. Рохас се уште интензивно работи на својата актерска и музичка кариера.

Моментално е во врска со Мартина, со која заедно се дел од филмската и телевизиска продукција.

Compañera de Rutas ❤️

A post shared by Benja Rojas (@rojas_benja) on




Коментари

коментари