Се сеќавате на најубавиот затвореник? Еве како живее сега

Манекенот Џереми Микс, кој се прослави додека беше во затвор, сега е во врска со богатата наследничка Клои Грин, поради која ја остави сопругата со која сега води битка околу финансиите.

Мелиса Микс (33) бара алиментација за себе и своите деца од поранешниот сопруг и тврди дека тој откако се прослави заработува милион долари месечно. Џереми, кого медиумите го прославија како “најсекси поранешен затвореник”, одбива да ја плаќа сумата на пари која ја бара поранешната сопруга, бидејќи вели дека заработува “само” 6.000 долари месечно. Мелиса е медицинска сестра која вели дека го издржувала додека живееле заедно.

Осудениот криминалец, кој е сега манекен, со Мелиса бил во бра осум години, а се разделиле кога таа ги видела фотографиите од Микс и Клои како се бакнуваат.

Мелиса на суд ќе бара целосно старателство врз своите синови. – Славата му удри во глава. Своите синови и онака ги гледа само два пати месечно – тврди медицинската сестра.

Новата девојка на поранешниот затвореник, Клои, е позната како “разгалената наследничка”која ги троши парите на својот татко. Неговото царство се проценува на 3.8 милијарди фунти.

 




Коментари

коментари