Се вери старлетата Парис Хилтон

Бизнисменката, телевизиска личност, модел, актерка и пејачка Парис Хилтон се сврши. Нејзиниот свршеник, моделот и актер Крис Зилка,  дал свршенички прстен вреден 2 милиони долари.

Убавата вест таа ја сподели на својот профил на Instagram, споделувајќи нивна заедничка фотографија.

#GoldenGirl ❄️👑👱🏼‍♀️💎❄️

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Триесет и две годишниот Зилка го поставил судбоносното прашање пред Парис Хилтон во Колорадо, Аспен, додека биле на скијање за викенд. Тој на падините на планината клекнал на колена, а возбудената Парис веднаш одговорила „да“, прегрнувајќи го и бакнувајќи го.

The most romantic moment of my life! 😍💎 #Engaged 👰🏼

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Огромниот дијамантски прстен од 20 карати што Крис Зилка го избрал за Парис Хилтон чини 2 милиони долари.




Коментари

коментари