Седумте сегменти на бизнис планот – Market Analysis

Во продолжение на низата за ,,скелетот” на бизнис планот, анализата на пазарот е вториот сегвмент, кој е од исклучителна важност за почетокот на вашиот бизнис.

Анализата на пазарот, треба да ја даде реалната слика во околината во која сакаме да дејствува нашиот бизнис. Во поглед на тоа, треба да истражуваме за кого е наменет нашиот производ или услугата која ја нудиме.

Кога се прави анализа на пазарот, треба да се одреди целната група и големината на потенцијалните купувачи, да се одреди колкава е нивната куповна моќ бидејќи кога една компанија сака да влезе на пазарот со некоја нова идеја мора однапред да има информација колку купувачите имаат навика да одвојат парични средства или колку од нив можат да си го дозволат производот кој се нуди.

Друг присутен, многу важен фактор кај анализата на пазарот е колку е изразена доминацијата на конкурентите во нашата таргет група. Ова треба да ни даде јасна слика со кого се соочуваме на пазарот и кој ке биде наш конкурент од кого треба да се пазиме, или однапред да одредиме механизми или тактика на дејствување доколку конкурентот направи некоја промена во однос на производот.

Во прирачникот на Филип Манојловски, ,,Бизнис инсајдер”, тој јасно ги опишува сите делови кои се клучни за да се направи добра анализа на пазарот. Со конкретни примери за германскиот бренд на автомобили BMW како национален бизнис. Кој е пазарот на БМВ? Дали е успешен бизнисмен, на возраст од 30-40 години, на кој му значи статусот и сака да го покаже тоа преку купување на БМВ автомобил? Исто така дава објаснување како да се пресмета пазарниот потенцијал  (Market volume) и пазарната вредност (market value), два фактори кои ке дадат јасна слика за бројот на потенцијални клиенти и нивната финансиска моќ. Исто така со студентите од Обуката за претприемачи работи и на анализа на конкуренцијата. Од големо значење е како претпримач да научите како да правите проценка и да имате  спремна доминантна позиција во однос на нив.

Во наредните текстови на среќа.мк ќе зборуваме за стратегија, маркетинг како и финансии.

За сите прашања за разработка на бизнис план како и за „Обуката за  претприемачи“ информирајте се на contact@creativehub.mk  .




Коментари

коментари