Категории

Селена Гомез за новата колекција ташни на Coach

Брендот Coach ја претстави музичката ѕвезда Селена Гомез како свој амбасадор, па за лансирањето на најновата колекција ташни таа ја завзеде главната улога во едиторијалот кој го изработи со фотографот Стивен Мејсел.

Селена и порано беше голем фан на брендот па во неколку наврати таа беше забележана носејќи ги нивните парчиња на црвениот тепих.

Од брендот изјавија дека им претставува вистинско задоволство таа да е заштитно лице на нивните производи бидејќи нејзината аура, ведар дух, позитива и женственост е вистински одраз на нивниот стил.

Прегледи:
471
Објавено на:
24.06.2017