Серијата „Lord of the rings“ ќе биде најскапиот тв проект

Култниот филмски серијал „Lord of the rings“  ќе биде преточен во тв серија, најави компанијата „Amazon“ која за 200 милиони долари ги откупи правата од семејството на Толкин.

Според најавите ќе бидат снимени пет сезони, а за секоја поединечно „Амазон“ планира да инвестира 150 милиони долари, што претставува најскап телевизиски проект на сите времиња.

Исто така е познато дека серијата´ќе бидат претставени настаните пред основањето на семејството на прстенот, така што нема да има прераскажување на филмовите на Питер Џексон.




Коментари

коментари